Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, ја предводат македонската делегација која од денеска е во работна посета на Соединетите Американски Држави.

Повод на посетата се годишните билатералните одбранбени консултации меѓу двете земји, соопшти Министерството за одбрана.

За време на посета на министерот Мисајловски ќе има средби со високи официјални претставници на Пентагон и вооружените сили на САД.

Билатералните консултации на експертските тимови на Пентагон и на Министерството за одбрана се во насока на продлабочување на сојузничката одбранбена соработка помеѓу двете земји, која се одвива преку континуираните програми за поддршка на одбранбените реформи, процесот на модернизација на македонската Армија, заеднички обуки и вежби.

САД се наш стратешки партнер кои од 1996г. континуирано ја поддржуваат македонската одбрана во развојот на капацитетите на нашата Армијата, стои во соопштението од МО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.