Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли денес ќе престојува на работна посета на Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамки на НАТО, предизвиците на претседавање на земјава со ОБСЕ, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика.
За време престој во Скопје, министерката Жоли ќе оствари средби и со Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.