Министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Отља Џачка утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Tеми на разговор на средбата меѓу министрите Османи и Џачка се очекува да бидат посветеноста на двете земји за одржување на високото ниво на билатералната соработка, пристапниот процес за членство на двете држави во ЕУ, соработката во рамките на НАТО и регионалната динамика, со посебен осврт на неодамна постигнатиот договор меѓу Косово и Србија.
Покрај средбата со нејзиниот хомолог, предвидено е Џачка да оствари средби и со: Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието, Талат Џафери и Првиот Заменикпретседател на Владата, Артан Груби.
Агенда: (МНР, 27.03.2023г.)
10:45- Пристигнување во МНР
10:50- 11:05- Тет-а-тет средба меѓу Османи и Џачка
11:10-11:35- Билатерална средба на делегациите на двете министерства
11:40- 12:00 Прес конференција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.