Денес во Сараево, зелените партии од регионот на Западен Балкан, потпишавме Декларација за заедничка соработка. Оваа иницијатива започна пред една година во рамките на Зелената Балканска Мрежа и е многу автентична, потекнува од нас самите зелени партии од целиот регион и е многу поразлично од она што често го среќаваме во државите на Западен Балкан, а тоа е меѓународните претставници да доаѓаат и да ни укажуваат дека треба заедно да соработуваме, соопштија од партијата ДОМ.

Темите на кои ние заедно ќе работиме и во иднина се оние зелени теми, заштитата на животната средина и климата, унапредувањето на човековите права, социјална правда, борба против корупцијата и организираниот криминал, владеење на правото и се разбира евроинтеграциските процеси на државите на Западен Балкан.

Ова е за заеднички цели, затоа што загадувањето на водата и воздухот не познаваат граници. Исто така и корупцијата и организираниот криминал не познаваат граници. Затоа борбата против корупцијата, заштитата на животната средина, на нашите преубави природни богатства мора да биде заедничка бидејќи така ќе биде ефикасна и ќе пружи навистина стабилност, сигурност и просперитет и квалитетен живот на граѓаните од Западен Балкан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.