Министерката за за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, порача дека во новата година, во фокус на МТСП останува да биде детската заштита и овозможување на секое дете пристап до квалитетно предучилишно образование и воспитание.

И во 2023 продолжуваме со изградба на нови градинки и проширување на капацитетите за да може секое дете во државата да има пристап до предучилишно образование имајќи во предвид дека вклучувањето во предучилишното образование навистина влијае многу во растот и развојот на секое дете, изјави Тренчевска, при посетата на првото бебе родено на ГАК.

Таа на новороденчето му подари златник и упати честитки за Новата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.