Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерката Славјанка Петровска денеска ќе престојува во официјална посета на Чешка.
За време на посетата министерката Петровска ќе има средба со нејзината колешка, министерката за одбрана Јана Чернохова, а бидат одржани и билатерални разговори меѓу двете делегации, соопшти Министерството за одбрана.
Петровска ќе се сретне и со претседателот на парламентарниот Комитет за одбрана на Чешка, Лубомир Метнар. Во текот на денот, министерката Петровска ќе го посети Воздухопловниот ремонтен завод ЛОМ, каде во следниот период ќе бидат ремонтирани армиските транспортни хеликоптери врз основа на меѓувладиниот договор склучен во декември 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.