Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска пристигнува во официјална дводневна посета на Бугарија на покана на министерот за одбрана Драгомир Заков, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за одбрана.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, утре, по официјалната церемонија на пречек, двајцата министри ќе имаат средба по што ќе дадат изјави за медиумите.

Министерката Петровска и делегацијата што ја предводи потоа ќе се сретнат со раководството на бугарската парламентарна комисија за одбрана во Народното собрание.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.