Чекавме неколкy дена шокираните од резултатите на Брисел да се вразумат и да станат свесни за кочењето на интеграцискиот процес на земјата, но гледаме дека ова време не им послужи на нив за да се освестат и да рефлектираат за (не)резултатите, рече денеска Фари Хисени од Европскиот сојуз за промена, додавајќи дека ова „ни дава да разбереме дека нивното разочарување е толку лажна како што е и нивната цел за интеграција, инаку пред граѓаните на оваа земја ќе излегоа со отчетност и одговорност, а не со поплаки“.

Бидејќи сме свесни дека ниту се случило, а ниту ќе се случи некој да понесе одговорност за овој неуспех на Владата, тука сме уште еднаш да го истакнеме нашето незадоволство и да побараме итна оставка на заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во реалност, сите министри на оваа Влада имаат значителна улога во овој неуспех, но овие две личности се оние кои го носат знамето на неуспехот и не заслужуваат да останат ниту еден ден во оваа Влада, а останиот состав на Владата ги бројат деновите. Минимумот што го очекуваме од техничката влада е промена на овие двајца импотентни министри, кои резултираа со уназадување, додека граѓаните да имаат трпение до 8 мај за да се спасат од ПСЕУДО Европскиот фронт. Во меѓувреме, Европскиот сојуз за промена останува вистинската адреса за постигнување на оваа цел и ќе остане единствен фактор што ќе обезбеди европски реформи и ќе се бори против корупцијата по секоја цена, носејќи ја долгоочекуваната европската промена кај граѓаните, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.