Министерот за јавна администрација Горан Минчев вели дека за балансерот не се подготвува закон како што тврдат од коалицијата Вреди. Според Минчев, прво ќе се чека одлуката на Уставниот суд, а потоа ќе се постапи за нов евентуален закон, но нагласувајќи дека тоа зависи од одлуката на судот.
Вреди веќе неколку дена ја коментира идејата дека балансерот ќе добие правна форма.
За разлика од Зеколи, денеска Арбен Таравари рече дека законот допрва ќе се изработува.
„Имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ пред да почне коалицијата дека прво треба да се договориме за законот за правична застапеност, а потоа за балансерот„, рече Таравари.
Вреди вчера соопшти дека законот е во фаза на подготовка, кога реагираше на одлуката на Уставниот суд да започне постапка за оценување на уставноста на балансерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.