Антонијо Милошоски, пратеник во македонското собрание и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител ги отфрли обвинувањата дека тој го блокирал процесот на испраќање на сега именуваниот амбасадор во Њујорк Љубомир Фрчковски, бидејќи 8 месеци не дозволувал во собраниската комисија за надворешна политика да се свика комисијата каде што Фрчковски би ги презентирал своите приоритети како амбасадор, нагласувајќи дека ваквиот избор всушност покажува еклатантно кршење на дипломатскиот кодекс, односно како што рече тој Собранието како контролен механизам има уставна надлежност одредени погрешни потези или чекори на извршната власт да ги корегира, додавајќи дека сметам дека ќе беше многу подобро ако владата најдеше посоодветен кадар за амбасадор во ОН.
Собранието е контролен механизам. Во собранието поминале многу амбасадори. Помина амбасадорот за Виена, Рим, ОБСЕ, за Совет за Европа, Австралија итн, и тоа се избори на владата, на министерството и ние гледаме да упатиме, некоја критика или пофалба, но во секој случај процесот да тече. Но кога имате еклатантно кршење на дипломатскиот кодекс и кандидат за Обединети Нации ви е човек кој што е официјално одбиен од Вашингтон, како неподобна личност да биде амбасадор, и претседателот Пендаровски и поранешниот премиер Заев знаат дека Фрчковски е одбиен од официјален Вашингтон – потенцираше Милошоски.
Во која фаза од постапката бил одбиен Милошоски рече:
Откако е донесена одлука на затворена седница на влада да биде кандидат за амбасадор во Вашингтон, за што Фрчковски веќе и примаше честитки во јавноста, потоа е одбиен од висок претставник на Стејт Департментот и тој разговор многу добро го знае и претседателот Пендаровски и поранешниот премиер, и сегашниот министер за надворешни работи. И кога имате човек кој што е одбиен од официјален Вашингтон со многу сериозни причини, а Пендаровски исто ги знае причините тогаш е невкусно таквиот човек да го испраќате за амбасадор во Обединети Нации, повторно на територија на државата која што веќе еднаш го одбила и каде што членуваат петте земји во Советот за безбедност, Америка, Русија, Кина, Велика Британија, и Франција.
Тој амбасадор ќе биде хендикепиран, Македонија нема да ги добива сите информации, за него во кулоарите ќе зборат дека амбасадор кој што Америка го одбила да биде претставник во Вашингтон и затоа сметам дека Собранието како контролен механизам има уставна надлежност одредени погрешни потези или чекори на извршната власт да ги корегира и сметам дека владата ќе беше многу подобро ако најдеше посоодветен кадар за амбасадор во ОН. И мислам дека и во само МНР, и во самото СДСМ или ДУИ кои и да се политички фигури има многу поспособни луѓе и подостоинствени за да бидат амбасадори во ОН – вели Милошоски.
Милошоски додаде дека владата нема испратено предлог имиња за амбасадори во Србија, Турција, Софија, а во Вашингтон како што кажа тој, нема амбасадор веќе четири години што претставува голем дипломатски пропуст.
За жал владата до сега не испратила ниту еден кандидат и Македонија во моментот е без амбасадори во Србија, Турција, Софија, Вашингтон цели четири години што за прв пат ни се случува да имаме толку голем дипломатски пропуст и со самото тоа не искористуваме економски, трговски и безбедносни прилики со нашето не присуство во Америка, изјави Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.