Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во собранието при теренски активности во радовишката околина разговараше со граѓаните за економските и политичките проблеми во државата.

Денес имаме посета во радовишката околија и разговараме за главните проблеми, економски, политички и тоа што го размислуваат граѓаните, тоа што може да се заклучи е дека без разлика на тоа како граѓаните гласале на претходните парламентарни избори, денеска преовладува заклучокот дека во оваа влада главната партија е ДУИ, за жал која што работи на штета на интересите и некономските и политички на Македонија. А СДС е сведена на една помала партија, под изведувач кој што веќе нема сила и авторитет да го наметне тоа кое што го ветуваше пред изборите, вели Милошоски.

Милошоски порача дека граѓаните решението за овие проблеми го гледаат во избори се со цел да се поправат грешките кои ги наметна власта.

-Затоа сметаат луѓето дека решението е во избори, оваа влада да си даде оставка за да може да имаме шанса да ги поправиме овие грешки со кои што се соочуваат сите луѓе во Македонија, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.