Маричиќ и Османи наместо да ја позиционираат Македонија подобро на дипломатски, политички и меѓународен план, тие лобираат меѓународни претставници да дојдат во Македонија да ја убедуваат опозицијата, оценува пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и екс-министер за надворешни, Антонијо Милошоски.
Кај Бојан Маричиќ и Бујар Османи гледаме дека како министри, за жал трошат премногу ресурси, наместо да ги подобрат позициите на Македонија на дипломатски, политички и меѓународен план, тие лобираат меѓународни претставници да дојдат во Македонија да ја убедуваат опозицијата, што е добро а што не е добро за Македонија, што сметам дека е нерационално трошење на ресурсите и на надлежностите кои што ги имаа – вели поранешниот шеф на дипломатијата.
Милошоски вели дека според информациите кои што ги добиле од досегашните меѓународни гости и претставници од страна на владата на СДСМ им било побарано да ја посетат Македонија се со цел да ги убедат пратениците од ВМРО ДПМНЕ да гласаат за уставните измени.
Ние имаме конкретни информации од некои од меѓународните гости кои што не посетија, дека се дојдени на покана на ургенција на актуелната влада која што на прашањето што можеме ние да направиме за вас, за Македонија, и министерот на надворешни и другите претставници го повторувале ставот, па дојдете во Македонија и притискајте ги пратениците од ВМРО ДПМНЕ да го сменат нивниот став. За жал тоа ни го кажаа колеги од странство – рече пратеникот од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.