Пратеникот Антонио Милошоски денеска во изјава за медиумите го пренесе ставот што бил изнесен од страна на ВМРО-ДПМНЕ на средбата во Собранието со министрите од Вајмарската тројка, кои се во посета на земјава. Милошоски повтори дека тие нема да поддржат уставни измени, дека владејачкото мнозинство нема две третини да го испорача она што го ветило.

Владејачкото мнозинство, според она што беше кажано на средбата со министрите, е сосема свесно дека немаат две третини за да го испорачаат тоа што сами без национален  консензус, лековерно го прифатиле како обврска за наметнати уставни измени по барање од Бугарија. И второ, тоа што беше кажано од име на пратеничката група на ВМРО –ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија, беше „да“ за ЕУ, но не за уцени од страна на Бугарија, коишто не нудат никаква извесност дека процесот на евроинтеграции нема повторно и повторно да биде блокиран заради ирационални прашања коишто Бугарија очигледно се уште ги има кон Македонија, рече Милошоски.

Милошоски е дециден дека доколку има политичка волја како што имаше политичка волја за Словенија и Хрватска, земјите имаа билатерален реален проблем.

Овој со Бугарија е, според мене, е ирационален и апстрактен, тогаш со поддршка на Германија и на Франција, Словенија и Хрватска се согласија компромисот да почне да биде апликативен во моментот кога Хрватска ќе стане земја членка на ЕУ, и на тој начин Словенија ќе биде мотивирана да ја поддржува во членството наместо да ја блокира, а Хрватска ќе биде мотивирана да го оствари својот дел од компромисот за да стигне до целта на ЕУ, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.