Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ се уште нема одговор на барањето упатено до премиерот Димитар Ковачевски да се обрати пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да ги сподели информациите и деталите од нацрт документите од разговорите меѓу Скопје-Софија, истакна пратеникот Антонио Милошоски, кој денеска беше во посета на Општина Штип.
Според него, ова е знак дека премиерот Ковачевски сака нешто да сокрие од пратениците и од јавноста.
Цениме дека е време Ковачевски да го покаже својот демократски капацитет, да не се плаши, да дојде пред пратениците да покаже што има да се разговора со Бугарија и доколку не спремен за јавна седница може да организираме и затворена седница на која би ги дебатирале овие теми, вели Милошоски.
Прашан дали има нешто што циркулира како информација, Милошоски со одговор дека од нивни дипломатски извори има подготвен нон пејпер, кој, како што вели, циркулира меѓе двете Министерства за надворешни работи.
Но сега засега тој се држи во тајност и не се споделува со македонските пратеници. Инаку, како што гледаме во Софија имаат чести координации, кај претседателот Радев и нивните политичари се запознати за тоа што се разговара со Македонија. За жал пратениците во Македонија не се запознати и дознаваме од извори од Бугарија, вели Милошовски.
Потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека денеска се во Штип во рамки на кампањата и интензивна теренска работа и комуникација со граѓаните, а како дел од акцијата „Промени се случуваат секогаш со народот“.
Како што гледате денес градоначалникот на Штип промовира проект којшто го има изработено во периодот откако е на функцијата со пари од општината, што покажува дека доколку се сака и се има желба може да се направат работи коишто ги реализира за краток временски рок. Притоа како што бев информирана станува збор за активности и на другите јавни претпријатија се со цел ова игралиште денес да изгледа вака како што е, вели Димитриеска-Кочоска.
Најави дека ќе имаат средба и со просветните работници, кои денеска штрајкуваат во училиштата и градинките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.