ВМРО-ДПМНЕ има и желба и капацитет за предвремени парламентарни избори, а гледам дека тоа се поклопува со желбата на мнозинството граѓани. Единствено во овој момент кој е уплашен од предвремени парламентарни избори, тоа се СДСМ и ДУИ и евентуално ЛДП и некои помали партии кои од оваа власт добиваат повластици, изјави за „Само интервју“ на Канал 5, Антонијо Милошоски пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека предвремени парламентарни избори за државата би биле подобро решение, секој месец изминат со оваа власт значи дополнителна економска криза и дополнителни кризи што ги засегаат граѓаните.
– ВМРО-ДПМНЕ е спремна да преземе одговорност. Ние презедовме одговорност и во многу општини без разлика што доаѓаат многу потешки економски денови и во енергетиката, и гледаме дека градоначалниците даваат се од себе да одговорат на граѓаните и на тоа што го понудиле, нагласи Милошоски.
Во врска со коалицирањето тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ има контакти со речиси сите политички партии, се одржува комуникација, но за идна влада се очекува резултат кој ќе овозможи коалицирање со партиите кои се сега во опозиција.
– Доколку има предвремени парламентарни избори ние би имале желба и расположение да оствариме еден добар резултат кој ќе ни даде можност да коалицираме со партиите кои што во моментов се опозиција. Тоа се Алијанса за Албанците и БЕСА. Но исто така има еден уставен критериум кој е наречен бадентерово мнозинство во Собрание. Доколку тој критериум нема друг начин да се исполни тогаш изборите резултати ќе го дадат одговорот на коалицирањето, рече Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.