Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМЕ и пратеник во своето гостување во емисијата „За или против“  зборуваше за отварањето на рудници каде јасно посочи дека тука некој манипулира, или лажат Оливер Спасовски, Каја Шукова и Славјанка Петровска дека гласале, а биле измамени или ги манипулира министерот  Бектеши.

Моето мислење е дека  прашањето околу рудниците нема само економска туку  има и политичка позадина, поврзана со одредени бизнис интереси на фирма блиска до ДУИ, фирма која на некој начин дава логистичка и финансиска поддршка на ДУИ. Влезе со одреден удел во концесијата за овие рудници и веројатно тоа беше тригерот за Министерството за економија да ги забрза сите процедури кои траеле со години наназад, но немало краен конечен исход за сега да ги спојат концесиите што ќе значи и отварање на овие рудници. И одлуката според она кое што го кажа министеротт Бектеши била донесена од сите министри едногласно и тој тврди дека сите министри навреме ги имале документите за овие струмички рудници. Некој не ја говори вистината, или лажат Оливер Спасовски, Каја Шукова и Славјанка Петровска дека гласале, а биле измамени или манипулира министерот  Бектеши, рече тој.Милошоски посочи дека треба да се расчисти кој манипулира  бидејќи каква доверба треба да имаат граѓаните во одлуките на владата, ако министрите во владата излегуваат во јавност и кажуваат спротиставени информации.-Тоа треба да се расчисти бидејќи каква доверба треба да имаат граѓаните во одлуките на владата, ако министрите во владата излегуваат во јавност и кажуваат спротиставени информации дека некој некого манипулира при носење на одлуки.Владата носи одлуки за многу работи поврзани со економија, образовани, пензии и така натаму, кажа тој.Милошоски порача дека СДС нема капациет да се спротистави на бизнис интереси на ДУИ.-Министерот Бектеши кажа дека ако треба уште сто пати да се повтори одлуката тој  би ја донел истата одлука и тука ќе се види кој го има го има главниот збор во владата, дали СДС или ДУИ. Јас мислам дека СДС нема капациет да се спротистави на бизнис интереси на ДУИ, рече тој.Милошоски заклучи:-

Мислам дека ДУИ има повеќе опции бидејќи овде има и бизнис интерес на фирма која е блиска до ДУИ. Тие претпоставувам дека главна цел ќе им биде овие рудници да се отворат, но и доколку има пречка да не се отворат, тогаш ДУИ може да оди и на втората варијанта, владата односно државата заради неисполнување на одлуката која ја донело Министрството за економија заедно со сите министри да плаќа пенали на фирмата која е блиска до ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.