Би сакал да дадам кратка реакција и коментар на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија” по однос на незаконитото испраќање на Фрчкоски за амбасадор во Обединетите нации, вели Антонијо Милошоски.
Претседателот Пендаровски не ја говори вистината кога кажа дека сите законски услови се исполнети, напротив, законскиот услов од член 39 од Законот за надворешни работи за претставување пред собраниската комисија, не е исполнет и со тоа Собранието, а преку Собранието и јавноста, немале можност да извршат контрола врз извршната власт, како што е и Претседателот и самите амбасадори.
Но, имам една порака, ако претседателот Пендаровски денес одлучил заради било кои причини незаконито да го упати Фрчкоски за амбасадор во Обединетите нации, побрзо отколку што мислат ќе дојде денот кога Фрчкоски на законски начин ќе биде вратен во земјата.
И втората работа, досега е невиден преседан и прв пат во македонската дипломатска историја за амбасадор во Обединетите нации да се испраќа личност која што била одбиена од официјален Вашингтон како непожелен дипломат да биде амбасадор во Америка.
Затоа сметаме дека ваквиот амбасадор во Обединетите нации е нарушување на угледот на македонската дипломатија, а до одредена мерка и потценување на ставот на официјален Вашингтон кој што веќе го одбил Фрчкоски.
Антонијо Милошоски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.