Пратеникот Антонио Милошоски на сите кои тврдат дека се залагаат за индивидуална одговорност во правосудството им порача да побараат оставка од Тања Чачорова Илевска, член на Судскиот совет на Македонија и поранешен советник за правда на бившиот премиер Заев, како и поранешен раководител на партиската комисија на СДСМ.
Чачорова беше известител во РСС која предложи отфрлање на иницијативата на ДКСК за утврдување на одговорноста на судиите кои се членови на управниот одбор на Академијата за судии, а во врска со пресудата на Вишиот управен суд кој со пресуда потврди дека АСЈО го прекршила членот 8-а од изборниот законик. РСС ја отфрли оваа иницијатива заради ненавремено поднесување на истата, но од ДКСК со соопштение реплицираа дека поднесокот е навремен бидејќи истиот е пратен во рокот од 15 дена од приемот на пресудата на Вишиот управен суд , со која се потврдена повредата на изборниот законик од страна на АСЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.