Најголемите криминалци во државава чим заглават во своите квазиинтеграциски процеси и малце странците ги оладат, веднаш почнуваат да зборуваат за етнички немири, хибридни напади, хистерија, сакаат да се тепаат, пцујат колеги и новинари, се закануваат со кривични, а криминалот си тече, да не се лажаме, како и до сега, ама изгледа ги пролазува некоја непријатна идеја, што ако изгубат власт или се отворат некои процеси против нив, пишува политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.
Така да, стравот ствара агресија, иначе зошто да бидат агресивни оние кои 20 години и лево и десно и од центар и од локал мирно си крадат и киднапираат држава.
Највеќе за жалење се нивните актуелни македонски заложници, кои мора да ги бранат, јер пак и тие знаат, тендерската коалиција никогаш не беше растурена, само надоградена, пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.