Многумина овдека не сфаќаат дека продолжувањето со еден манипулантски, лажен и лажно транспарентен начин на функционирање и носење на национални одлуки, всушност ќе се девалвира, нагрди и наруши она што веќе е прифатено како апсолвирана политичка реалност, коментира аналитичарот, Ивор Мицковски.

И онака се кај нас е испразнето од суштина, ама и таа состојба од анемична и токсична во еден момент станува тотално нефункционална.

 

Нека размисли и албанскиот партнер, но и македонските технократи, бидејќи мнозинството македонска популација смета дека сите три договори кои се или ќе бидат влезени во преговарачката рамка, се всушност само на нивна штета.

 

Тоа не е добра атмосфера за една мултиетничка држава, ќе се јават две-три будали и тоа опасно ќе го искористат, а после ќе биде касно за оправање.

 

Пошто државичево се држи само на партиски основи, на партиски вработувања и привилегии, а тоа не е доволен кохезивен елемент за една држава и општество – пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.