Кога сите позиции, ставови и погледи ги идентификувате и изедначувате со екстремните позиции на одредени индивидуи или политички партии, правите двојна грешка, пишува на Фејсбук, Ивор Мицковски.
Ги маргинализирате и навредувате критичките гласови на разум, со кои и да не се согласувате, очигледно е дека се на страната на вистината и аргументите.
Баш ради таа слабост ги појачувате екстремните и екстремистички позиции со кои ви е полесно да се расправате и да излезете лажно супериорни во квазидебатава.
Конечно, на крај останувате без најдобрите и помирливите, а ги добивате најлошите и најекстремните, од кои всушност и извира вашата политичка опасност, и кои утре може да ја однесат работата во сосема погрешна насока, полоша и од вашата погрешна политика.
Ама таков ви е изборот, лажлив и фалшлив.
Конечно, каква и да биде одлуката утре, институциите и партиите покажаа дека немаат демократски капацитет, ниту пак дека посакуваат вистинска дебата и спротивставени мислења, пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.