Барем двајца важни министри со силен стаж и важни ресори или се повлекоа или беа повлечени од новата Влада и упатија сериозна критика и на досегашното работење на власта и силни сомнежи кон идното, вели Ивор Мицковски.

Кажаа дека вистински реформи не се правеле, дека се воделе лоши кадровски политики, дека не се имало слух за јавноста, дека се функционира клиентелистички, дека не се направи ништо околу корупцијата, дека министрите водат политики од личен интерес. Сè тоа ние добро го знаевме, ама кога вака ќе се потврди, значи дека се планира да се продолжи на истиот или полош начин, со уште поголеми послушници и полтрони, смета тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.