Најпрвин благодарам на интересот за можноста да пред македонската јавност кажеме што дел градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изминатиов викенд работат овде во Скопје, заедно со шведската фондација Јарл  Хјалмарсон со која имаме долгогодишна соработка.

Разговараме за  подобрување на локалните политики и подобрување на капацитетите на администрацијата, проектниот менаџмент, реализирањето на проектите коишто беа дел од изборната кампања на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Една група се сега, во следните недели, во следниот период ќе бидат опфатени сите градоначалници.

Јас сум навистина многу задоволен од тоа што можеме да размениме искуства со поискусни би рекол држави, коишто се понапред од нашата држава и од таму можеме, врз основа на тие искуства да ги подобруваме капацитетите на локално ниво.

Се разбира, како што кажав ова ќе продолжи и понатаму и се надевам дека конечно граѓаните ќе добијат нешто поинакво споредено со тоа што беше изминативе 4 години. Иако изминативе 4 месеци откако се направи детален скрининг и мапирање на сето она коешто го наследија градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, можеме да кажеме дека се соочуваме со многу проблеми.

Практично изминативе 4 години на локално ниво се создадени олигарси од градоначалниците кои претходно беа на тие позиции од редовите на СДСМ. Но не го зборувам ова за да се жалиме, туку да кажеме дека општините не постојат за градоначалниците, туку дека градоначалниците постојат за народот и така ќе продолжат да функционираат.

Ние ветивме, промени, ветивме проекти, ветивме и победа. Победата ја остваривме, сега ни останува да продолжиме со проектите и промените кои се неминливи после дебаклот на политиките на СДСМ локалните избори, а тоа ќе се случи и на порано или подоцна предвремени парламентарни избори, бидејќи на сила не можат да бидат уште долго онаму каде што се.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.