Зборувајќи за судскиот случај „Плацеви на Водно“, претседателот на Христијан Мицкоски, во интервју во емисијата Клик Плус на телевизија 21, истакна дека тој случај не никако поврзан ниту него ниту со ВМРО-ДПМНЕ .

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и е стожар на интересите на народот.

За сведочењата во овој случај, Мицкоски изјави дека дека ги прочитал, додавајќи дека доколку е точно, тогаш е згрозен, но како што рече, жали што Груевски не е овде за да се слушне и неговото мислење во однос на ова обвинение.

Ги читам сведочењата на луѓето коишто сведочат, и ако е тоа точно навистина жалам и сум згрозен, но жалам што не е Груевски тука за да може да го слушнеме и неговото мислење за сето ова коешто дел од сведоците вчера го изнесоа.

 

Јас немам потреба да го губам ниту своето време, ниту на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да губи енергија, како што велите вие, да се амнестира. ВМРО-ДПМНЕ е реформирано, со јасна политичка матрица, ВМРО-ДПМНЕ излезе на неколку изборни циклуси, на последниот изборен циклус за двапати го декласираше политичкиот противник СДСМ. Тоа се млади, амбициозни и чесни луѓе кои што се фатија за решавање на проблемите во најтешкото, не само за партијата, туку и за државата и јас сум горд на нив – потенцираше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.