Владата им го одзема на нашите студенти и така сиромашниот оброк, кој видовме дека е сочинет од јајце и зденка, додека младите врсници од Берлин, Лондон, Париз се борат за технолошки развој и иновации, рече на годишната конференција на УМС претседателотн ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавајќи дека мачно е кога гледаме како функционери од власта се ухлебени паразити кои живеат од потта на чесниот народ и земаат илјадници евра плата, не работат ништо, а ги уживаат сите придобивки од државата.
Нивните имиња не се ни знаат, но тие ги држат паразитски функциите на десетиците институции од кои дебело се платени, додека тутунарите немаат откуп, додека оризарите протестираат, додека студентите се гладни. Функционери од власта криеле имоти, луѓе од власта земаат месечна плата за која народот работи по цела година.
Затоа ви ветувам, и на паразитите и на тајните имоти мора да дојде крај. И во првите месеци по преземањето на власта ќе ги испитаме сите овие скриени имоти и ќе бараме потекло за истите. А, оние тајни имоти нечесно стекнати во годините на криминал, истите ќе бидат одземени и парите ќе бидат вратени во буџетот, а од буџетот за народот, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.