На луѓето им е преку глава од лажните ветувања дека само што не сме станале членка во Европската Унија, наспроти националните отстапки на штета на идентитетот, потребни се предвремени парламентарни избори на кои македонските граѓани ќе имаат можност да се изјаснат и на кои, несомнено, ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи затоа што народот бара промени, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на уставните измени, за кои се тврди дека веднаш после нив ќе следи членство во ЕУ.
Тој во своето интервју за националниот државен сервис МРТ вчера истакна македонските граѓани се чувствуваат понижени и излажани што 22 години во континуитет им се ветува пристапување во ЕУ на сметка на националните обележја и идентитетот, како што се примерите од минатото, само да смениме име па ќе влеземе, само да смениме на пример знаме, па ќе влезете, а во реалноста нема ништо такво.
Мицкоски посочи дека во Македонија треба да се слуша гласот на македонскиот народ кој е мнозински и суверен врз одлуките, и тој консензуално е за членство во унијата, но и под цена на целосно негово обезличување.
Tреба да се знае, дека прва заедница во оваа држава е македонскиот народ, тој е мнозински во оваа држава, ова е негова единствена држава и тој е суверен владетел на одлуките. Тој, малтене, акламативно консензуално вели „да“ за Европската Унија, но исто така вели „не“ без услови за ова или конечно, доста сум лажен 22 години дека само уште не сум почнал со преговори. Преку глава им е на луѓето, луѓето имаат толку национални понижувања, толку се чувствуваат излажани, што навистина веќе ниту еден од нас нема кредибилитет да се појави и да го поведе тој народ, затоа што сите тие кои што излегле пред тој народ и се обиделе да го поведат го излажале“, рече Мицкоски.
Ние, додаде Мицкоски, не излеговме на избори со понудата дека ќе менуваме Устав, не излеговме на такви избори. Не излеговме дека без услови ќе менуваме Устав, дека Ковачевски ќе дојде и Ковачевски ќе потпише договор под притисок на не знам кој и дека сега ние како ВМРО-ДПМНЕ треба да клекнеме и готово сега ние ќе го прифатиме тоа без проблем.
„Со што нас некој не задолжил за да така се однесуваме неодговорно кон сопствениот народ и кон сопствената држава? Со тоа што чекаме 22 години, со тоа што млади лица ни се иселија, со тоа што не лажеа уште само знамето сменете го и готово, уште само уставот, не знам името сменете го, уште само ова. Со што нас не задолжија, а ние да веруваме дека ова е тоа? Затоа, неискусни не треба да се занимаваат со оваа политика. Ова не е политика на кловнови, ова не е политика на театарски претстави и комедии, ова се сериозни теми, сериозни времиња и за сериозни времиња требаат сериозни политичари со сериозно животно искуство зад себе кои што работеле под притисок, кој што носеле одлуки кога требало да се носат. Не насадени политичари без кредибилитет и легитимитет да носат одлуки од името на народот“, истакна Мицкоски.
Мицкоски истакна дека иако Ковачевски не е искусен политичар и со прифаќањето и потпишувањето на Францускиот предлог, прифати обврски за кои нема можност да ги реализира, сепак околу него имал многу луѓе кои што беа искусни околку, а и странци кои што доаѓаа, зошто не му го поставија прашањето, добро момче ти имаш ли две третини од парламентот за ова што го договараме или немаш и кога се нема можност, единствено решение е одењето на предвремени парламентарни избори, во кои ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи.
Има една држава во Европа која што обично се наоѓа во вакви ситуации, скандинавска е, и пред промена на уставот оди на избори, народот одлучува. Еве ова е мојата програма, мојата понуда, народот нека одлучи дали е за едната опција, за другата или за третата опција. Арно ама и тие не го поставија тоа прашање. Сега имате несреќен спој на енергија која што генерираше еден производ, кој што производ е сега очигледно проблем“, потенцираше Мицкоски.
Вели дека ако оваа Влада беше паметна и ако навистина беше за европските вредности ќе тропнеше на врата во мај, односно после неговата прес конференција кога понуди пет тима, ќе ми се јавеше тогашниот премиер Ковачевски и ќе седнеше да разговара со него и ќе му кажеше во Македонија доаѓаат странци кои подготвуваат некаков договор и ќе бараше заеднички да обезбедат единство во овој процес, но Ковачевски тоа не го направи што до некаде го разбира поради неговото политичко неискуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.