Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се надева дека во последен момент Владата ќе каже „не“ на францускиот предлог.
–Ова што се нуди не е почеток на преговори за Македонија. Ова е сликање во Брисел. За да ги почнеме преговорите, потребно е промена на Уставот, а ние како партија кажавме дека тоа нема да се случи. Најодговорно тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени и мислам дека ниту пратениците на СДСМ нема да гласаат, откако ќе го видат Протоколот кој што ќе го потпише Бујар Османи. Бидете спокојни и апел до македонската јавност дека уставни измени ние нема да поддржиме, рече Мицкоски од почетокот на протестот против францускиот предлог пред Влада.
Мицкоски верува дека ниту пратениците од СДСМ нема да гласаат за Протоколот кој ќе го потпише Бујар Османи откако ќе го видат.
Верувам дека кај некои од пратениците од СДСМ постои малку македонско затоа што кога ќе го прочитаат предлогот односно протоколот којшто ќе го потпише Бујар Османи ќе се предомислат и ќе се проколнуваат самите себеси затоа што и воопшто дозволиле да гласаат за ова што се нарекува последен модифициран предлог.
На прашање од бугарска новинарка што ќе ѝ каже утре на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, Мицкоски нагласува:
–Дека ова е Македонија и македонски народ со своја традиција, македонски народ кој има своја култура и говори на македонски јазик, одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски апелираше до јавноста дека дури и ова на сила да помине во Парламентот такви Уставни измени ВМРО-ДПМНЕ, а и поголем дел од пратениците од Парламентот нема да поддржат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.