Во интервју на МТВ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски истакна дека власта намерно не сака да се бори против криминалот и корупцијата, за да бизнисите им цветаат и поради тоа што не знаат како, а и немаат визија како да се справат со криминалот и корупцијата.

„Зарем не се проблематични оние пасоши кои што се даваа на криминалци во МВР, зарем некој во државата верува дека Вукотиќ дошол тропнал на шалтер во МВР и службеничката која што беше во затвор и рекол добар ден јас сакам да имам македонски пасош и тој се сликал и добил македонски пасош. Зарем можеме да поверуваме дека нарко картели кои што поседуваат македонски пасоши туку така ги добиле? Зарем плантажите со марихуана низ Македонија се туку така посадени и туку така на некој му текнало дека почвата е плодна па ајде да посадиме марихуана и ќе вложуваме милиони во Македонија? Не, сето тоа има причина сето тоа има зошто, а затоа за жал нема, и ќе дојде и тоа време ние како опозиција ќе се бориме правдата да излезе на виделина, и ќе излезе еден ден. Не можат вечно да се кријат затоа се толку жолчни во нападите од сите страни против мене затоа што јас немам концесија, и ќе продолжам да се борам против овој систем кој што не влече сите нас надоле и не има за жал се помалку и Македонија ја има се помалку. И тоа е она што ќе го правам, да ги мотивирам истражните органи да го истражат сето ова до крај и ова е поврзано со сето она од почетокот, со криминалот и корупцијата, со партизираното судство, обвинителство, и сето тоа создава проблем во нашето општество за да ние не се развиеме во економска смисла, за да нема повеќе пари во буџетот, образованието, здравството, младите, земјоделците, тоа е суштината, проблемот во оваа држава, но некој тоа намерно не го решава, а некој не знае и нема ни визија“ нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.