Татковците на нацијата ја пишуваа нашата историја и го водеа нашиот народ. И тие не клечеа, не се колеба, не тргуваа со светите работи за нашата кауза, истакна Мицкоски.

Нивните имиња денес ги изговараме со особено чувство на почит и со трепет во нашите срца, затоа што тие веруваа во идејата кога многумина се откажуваа. Ако некој се сомнева во нивната припадност, за тоа кои биле и што биле, нивните коски се расфрлани насекаде низ оваа земја и тие извираат и живеат во нашите сеќавања, во раскажувањата на генерациите кои доаѓаат потоа, а нивната слава е неизбришлива. Делата на овие луѓе ја создаваа Македонија и затоа нејзиното постоење нема цена, и ако прашањето е на што сме подготвени да направиме за да Македонија опстои, треба да знаат дека ќе ја платиме секоја цена за да го зачуваме непроценливото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.