Талат Џафери се стави над сите судови во Македонија. Тој е сега судија над сите судови бидејќи тој се стави над Уставниот суд, над уставните судии и нивните ингеренции и досуди дека Референдумот бил спротивен на Уставот. Дефинитивно го окупираше, го приватизираше правниот и уставниот поредок во Македонија и пресуди. Не сфаќаат дека направил трајна штета, затоа што ова што тој го направил можеби некоја следна генерација ќе го користи како правило понатаму, бидејќи исклучокот ако се направи еднаш станува правило и секој ќе се повикува на тоа правило. Суспендирајќи го правниот и уставниот поредок на Македонија, уште еднаш покажа дека оваа коалиција треба да замине за на Македонија ѝ тргне, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата Клик плус, на телевизија 21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.