Бог се јави, навистина се јави! На сите православни христијани да им го честитам празникот и да им посакам се разбира здравје пред се и среќа, а другото ќе го направиме ние самите. Истото ќе им го посакам и на сите наши сограѓани кои што не се православни христијани да бидат здрави, да бидат среќни, а другото сите заедно ќе го направиме.

Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД пандемијата. Година во која што за жал имавме голем предизвик во економијата, во образованието, имавме многу политички предизвици. Година во која што народот одлучи да оваа власт која што четири години буквално не спроведе никаква реформа да ја прати во опозиција. Но за жал поради политичка некултура и постизборни математики се уште продолжува агонијата.

Но, ние денеска нема да зборуваме за политика, ќе зборуваме за тоа кое што граѓаните се интересираат, а тоа е како понатаму. Јас се надевам и верувам дека народот ќе ја добие онаа Влада која што ја бараат и за која што ќе гласа, Влада која што ќе е на народот и на граѓаните на Македонија.

Затоа уште еднашка на крај во мојата изјава ќе им посакам здравје, среќа и успех на сите наши граѓани, и на православните христијани но и на останатите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.