Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед им го честитам празникот Рамазан Бајрам, пишува во својата честитка по повод Рамазан Бајрам, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Нека празничните мигови ви поминат во добро здравје и спокој, а вашите домови нека бидат исполнети со радост и хармонија. Верата, солидарноста и човекољубието нека продолжат да ве водат во овие тешки времиња на предизвици, затоа што само така можат да се надминат заедничките проблеми кои сите ние заедно ги делиме и ги живееме.
Животот и традицијата на разбирање, соживот и взаемна почит покажале дека сплотени сме ги постигнувале најголемите успеси за нашата татковина Македонија.
Благосостојбата на секој еден човек, за секое едно семејство, за целата наша држава е нашата цел. Мораме да се обединиме околу принципите кои значат подобра иднина за сите и тоа ќе бара голема посветеност и работа. Доволно долго Македонија е заложник на криминалот и корупцијата на елитите поради која Македонија ја имаме се помалку, а народот ни живее се посиромашно. Тоа мора да го промениме и тоа ќе го направиме заради иднината на сите наши идни поколенија.
Честит Рамазан Бајрам!
За многу години празникот!, напиша Мицкоски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.