Продолжуваме со нашиот активизам и во рамките на парламентот, институциите и низ улиците, ќе нè гледате низ градовите и маалата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.
Мицкоски потенцираше дека во периодот кој што следува ќе има протестно лето како што најавил и за време на протестот во саботата, односно како што рече тој „ќе нè гледате сè почесто на улиците, пред институциите и маалата таму каде што цениме дека треба да го изразиме револтот заедно со граѓаните“.
Во период кој што следи ќе имаме протестно лето. Тоа протестно лето и оваа активна блокада во парламентот ќе траат се додека тие се оперативни, нормално во рамките на парламентот. Потоа на есен имаме предвидено нов сет на чекори, така што ќе биде динамично и рековме дека одговорноста за сето ова ја има владата и Ковачевски, затоа што од самиот почеток ние се обидуваме да им наметнеме темпо на соработка, на разговор, на помош. Таа фрустрација нивна трае од локалните избори, после дебаклот и поразот на СДСМ, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.