Првиот Илинден е светол, иако Крушевската Република беше крваво задушена, а неуспехот да се ослободиме беше страдањето кое Македонците го прифатија и се носеа со него затоа што не престанаа да веруваат. А, знаеја дека таа борба за своја држава вреди, а успехот дојде четириесетина години по првиот Илинден, оделотворен во Асномска Македонија, Македонија на Ченто, на Петре Пирузе, на Михајло Апостолски, една цела плејада на херои кои ја креваа главата гордо високо, кога многумина им велеа дека треба да клечат. Но ваквата историска читанка ни вели дека Македонија и Македонците секогаш без оглед и на периодите на очигледна слабост на капацитетот на елитите да водат во дадените моменти, раѓала поединци чии дела ечеле во немиот простор на суровата реалност на беспаќата, обезнадеженоста на духот на нацијата и безволноста да се продолжи борбата. Тие поединци ја правеле разликата од останатите и биле примерот во кој народот верувал и по кој тргнувал во борба да го отсонува својот сопствен сон, пишува на својот Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.