Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со Мевмед Џафери беше во посета на Мавровско – реканскиот крај.
-Тука ќе има повторени избори, а Мевмед е нашето решение за промени во Маврово и Ростуше. Местото од каде сплотени и обединети ќе испратиме порака дека е премногу од оваа власт која ќе остане запишана како најнеспособната и најкриминална во историјата. Промени кои ќе донесат иднина, истакна Мицкоски.
Изборите за градоначалници на Општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа се закажани за 20 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.