Продолжуваме со теренските активности, продолжуваме да создаваме вредности за граѓаните. Тоа што го ветивме во кампањата за локалните избори продолжуваме да го реализираме, овде во Аеродром, Тимчо заедно со својот тим продолжуваат да испорачуваат за жителите на Аеродром и на Скопје. Еден исклучително значаен проект бидејќи се подобрува комфорот и условите за следење на настава на најмладите на децата што е многу важно, бидејќи тие се темелот и основата на едно општество. И како што самиот градоначалник кажа моментално капацитетот на училиштето веќе е премал, бидејќи се доведуваме до една ситуација каде што не само првата и втората смена, можеби и трета смена ќе биде премалку за да бидат задоволени потребите на жителите овде – изјави денеска за медиумите пртеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешниот увид во градежните активности на ООУ „Блаже Конески“, општина Аеродром.

Тој посочи дека токму од тие причини е направен овој градежен зафат и ќе се продолжи со реновирање и проширување на капацитетите и според него тоа ќе излезе добро.

Добро е да се покаже дека во оваа држава има луѓе и политичари ки што мислат за доброто на граѓаните и кои што работат за доброто на граѓаните, за разлика од политичари кои што мислат само на власт, фотелји, криминал, корупција и личен комодитет, а не и за доброто на граѓаните. Претпоставувам, повторно ќе кажам дека после денешниот настан повторно од СДСМ во нивен познат стил ќе речат, еве го Мицкоски промовира проекти на СДСМ. Но, јас ја користам оваа прилика од скопски Аеродром да кажам дека тоа не се проекти ниту на СДСМ, ниту се проекти на ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа се проекти на граѓаните. И тоа се проекти кои што граѓаните ги платиле со свои средства преку буџетите на општините за да се реализираат. Разликата е во тоа што овој градоначалник и овој тим, и ВМРО-ДПМНЕ наместо да крадат, градат. Тоа е разликата. За разлика од овие од власта кои што најмили им се тендерите и договорите во четири очи. Тоа е големата разлика за која ја сум убеден дека граѓаните на следните предвремени парламентарни избори ќе ја направат. И повторно ја користам оваа прилика да кажам дека ниту еден проект кој што ние го реализираме и кој што ќе го реализираме во иднина, не е ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на било која друга политичка опција, туку тој проект е на вас граѓаните – појасни Мицкоски.

Тој додаде дека градоначалниците се избрани од граѓаните, за да служат на граѓаните, и да го реализираат тоа што е потребно и тоа кое што го ветиле пред граѓаните.

Тоа е разликата помеѓу нас и СДСМ кои што се навикнати на едни времиња кога се крадеше народот и се присвојуваше од еден тесен круг на луѓе, ние сме народна партија и работиме исклучиво само за интересите на народот и граѓаните – дециден е Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.