Армијата претставува симбол на државноста на Македонија, институција која го штити територијалниот интегритет и безбедноста на граѓаните и затоа таа ужива доверба меѓу народoт. Припадниците на АРМ со својата лојалност и посветеност на работата се гордост за секој од нас како граѓанин на Република Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Посебна почит изразувам кон оние припадници на АРМ кои ги положија своите животи за својата Татковина и на тој начин оставија вечен белег со својот патриотизам и пожртвуваност. Во исто време изразувам и огромна благодарност до сите војници кои во многу случаи и непогоди низ годините излегуваа несебично први во помош и заштитата на граѓаните и нивните имоти и на тој начин ја градеа довербата и угледот на АРМ.
Армијата заслужува поголемо внимание од Владата, која во овој момент го нема. Армијата се темели на храброста на илинденците и партизаните, на имињата на Ченто, Апостолски, на пожртвуваноста на илјадници мажи и жени кои го даваа животот за нашата слобода.
Нека е вечен Денот на Армијата на Република Македонија,
Нека е вечна Македонија, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.