Поради самобендисаноста и надменоста на оваа влада, граѓаните изминативе две недели плаќаа за неколку десетици денари за литар поскапо гориво, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
седницата за гласање по скратена постапка на измените на Законот за додадена вредност и во Законот за акцизи е закажана за утре иако, како што вели Мицкоски, опозицијата ги предложила на крајот од минатиот месец.
Не очекувам дека ситуацијата на светско ниво бргу ќе се смири. Во Македонија немаше план за справување, а со оваа влада граѓаните ќе трпат последици на семејниот буџет, на стандардот. Ќе трпат и тоа е само како резултат на погрешните политики и немањето стратегија и визија на актуелната Влада“, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.