Општина Петровец по 75 години ќе добие нова општинска зграда. На камен-темелникот денеска присуствуваше и делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски.
Повеќе од 70 години не е направено ништо, но еве затоа сега конечно се прави нешто кое што во рок од 6 месеци ќе ја разубави општината но и ќе има пристојни услови за работа општинската администрација. И јас се надевам дека ќе има уште многу нови проекти во самата општина, но и многу инвеститори нови домашни и странски кои што со задоволство во изминатиов период својот бизнис го преселија овдека или пак го формираа овдека во општина Петровец, рече Мицкоски.
Тој потсети дека општините се оставени без поддршка на Буџетот, и иако е очигледно дека владата ги опструира градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, тие успеваат да ги реализираат ветените проекти во рокот.
Оттука и задоволството е уште поголемо што без поддршка од Буџетот со сопствени средства самата Општина успева да најде начин да реализира една ваква голема стратешка инвестиција. А, како дополнение на тоа и оваа велосипедско пешачка патека во должина од 2 ипол километри која што исто така со сопствени средства Општината сама ја гради. Значи некои си 45-46 милиони денари инвестиции кои што би требало од тоа што успеав да прочитам на таблата велосипедско пешачката патека да биде готова некаде крајот на септември месец, почетокот на октомври, а како што кажа градоначалникот општинската зграда да биде до крајот на оваа година евентуално почетокот на следната година, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.