Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во дневникот на Сител телевизија, зборувајќи за тоа дали реално Македонија ги отпочнува преговорите со Европската унија истакна дека во ваквите преговори ќе се зборува за се само не за напредок на државата, а Бугарија го задржува правото да постави вето кога и да посака.
Одговорот е даден денеска на овој брифинг на Османи, но и она што што го зборувавме изминатиов период. Ние сега во овие преговори ќе зборуваме за се само не за владеење на право подобра економија, подобар здравствен систем подобро образование, подобар економски стандард, туку ќе зборуваме за јазикот, за самоиловата држава, за второто бугарско царство, за Гоце, за Даме, за Питу, да се согласила Историската комисија или не се согласила, па ако не се согласила, говор на омраза, па тој говор на омраза ќе предизвика ново вето и тој е еден процес кој што цело време ќе се тркала, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека за време на денешниот брифинг, министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање, призна дека Бугарија има право на вето доколку нема согласност за одредени прашања во Историската комисија.
Факт е едно, а тоа е дека единствен кој што вистински почнува да преговара е Еди Рама и Албанија, а Македонија ќе оди да се исликаат таму нашите политичари и повторно ќе не седнат на магарешка клупа во ходникот и ќе ни речат уште малце да ја дозавршите вашата домашна задача, па после ќе ве вратиме назад во просторијата, потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.