Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат истакна дека одењето на министерот за правда, Никола Тупанчевски заедно со обвинителка и судија во Палермо да го следат натпреварот на македонската фудбалска репрезентација зборува за тоа во каква држава живееме и колку политички е заробено судството и обвинителството.
„Беше срамно да се гледа како министерот се препелка неколку дена по враќањето од оваа мини-фудбалска турнеја, кој платил карти, кој не платил, па тука имаше и една поранешна специјална јавна обвинителка сега јавна обвинителка мислам дека е или виша, а исто така имаше и еден судија таму и тоа ви дава јасна слика на заробената држава и на општеството. Го имате министерот за правда во средината, лево од него обвинителката, а десно судијата. Тоа ви е јасно во каква држава живееме и колку е политички заробено и обвинителството и судството, а над сите нив е тој моќник кој што им го овозможува тоа“, потенцираше Мицкоски.
На прашање за тоа дали ќе биде покрената интерпелација за ваквата постапка на министерот Тупанчевски, Мицкоски:
„Не сме размислувале. Ќе имаме една таква дискусија на седниците на Извршниот комитет. Но, ние би покренале интерпелација на цела Влада да замине бидејќи целата Влада е неуспешна. Замислете вие каков премиер треба да сте сѐ уште да седите на состанок на влада со човекот кој што го гледаше целата македонска јавност“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.