Нов пад на индустриското производство!, пишува на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во Октомври 2022 година споредено со Октомври 2021 година, индустриското производство во Македонија се намалило за 5,3%. Неспособната и криминална влада, “херојски” со своите политики го намалила производството во секторот рударство и вадење на камен за цели 13,2%, намалувањето во преработувачката индустрија е 4%, а снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 9,2%.

Додека владата го намалува индустриското производство, економијата паѓа, истата влада “херојски” си договара тендери во четири очи за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има!!!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.