Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите на партијата Александар Николоски и Тимчо Муцунски оствари средба со Марион Валсман, пратеничка во ЕП и потпретседателка на Заедничкиот парламентарен комитет на Делегацијата на ЕУ во Македонија и Даниел Браун, официјален претставник на КАС за Македонија.

На средбата стана збор за потребата од отпочнување на преговорите на Република Македонија со ЕУ, а тоа може да се случи со тргање на неразумното вето од страна на Бугарија. Македонија заслужува да биде дел од ЕУ – информира Мицкоски.

Тој додава дека на средбата била потенцирана и одличната соработка која ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата „Конрад Аденауер“, особено придонесот кој Фондацијата го дала низ годините во бројните обуки и помош за партијата, како и поддршката и соработката која ВМРО-ДПМНЕ ја има со германската сестринска партија ЦДУ.

Истакнав и дека Македонија оди во многу лоша насока со владата на СДСМ и ДУИ и дека буквално се тоне во кризи кои не се увезени, туку автентични. Од катастрофалната состојба излез се само предвремени парламентарни избори, кои треба да се случат што побрзо – вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.