Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, во рамките на посетата на Ротердам, по повод Конгресот на ЕПП оствари средба со Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент, соопштија од партијата.

Роберта Мецола е дел од ЕПП.

На средбата беше истакната потребата од отпочнување на преговорите за влез на Македонија во ЕУ. А, од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека нашиот народ тоа го заслужува, и дека на Македонија местото и е во ЕУ, но беше укажано и на бугарските уцени кои се се само не европски, а со кои се негира нашиот јазик и идентитет.

Од страна на Мецола беше истакната поддршката која Македонија ја има од институциите на Унијата и дека тоа ќе продолжи и понатаму.

Претседателот Мицкоски изрази длабоко уверување дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи силно на патот кон ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.