Последниот период македонската јавност е сведок како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е мета на оркестрирани напади од владиниот центар на моќ, кој ги користи сите ресурси, како на пример медиумите и државни институции.

Оркестрираните напади, користејќи ги или, слободно може да се каже, злоупотребувајќи ги судско обвинителските институции под контрола на власта, предводена од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и Демократската унија за интеграција (ДУИ), се токму поради највисокиот и постојан раст на рејтингот на лидерот на опозицијата, Мицкоски.

Стравот од предвремени парламентарни избори, на кој, сите анкети покажуваат дека партиите од владината коалиција ќе доживеат длабок пораз, а со тоа губење на власта и привилегиите кои произлегуваат од нејзе, како и одговарање пред лицето на правдата за сите сторени криминали, го тера човека да ги искористи, односно злоупотреби, сите државни механизми.

Дека е тоа така, може да се види и од последните спроведени истражувања на јавното мислење. Анкетата на Агенцијата ИПИС спроведена во април месец, покажа дека Мицкоски ужива двојно повисока доверба кај македонските граѓани, во споредба со премиерот Димитар Ковачевски.

Во телефонското истражување спроведено од 4 до 6 мај 2022, на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на Македонија, 16,2 проценти од нив одговориле дека му веруваат на Мицкоски, а актуелниот премиер Димитар Ковачевски има речиси двојно понизок рејтинг. Во него лидер гледаат само 8,7 проценти од испитаниците. Од лидерите во албанскиот блок, најголема доверба на електоратот ужива Али Ахмети со 7,3%, а Зијадин Села од Алијансата за Албанците има доверба од 3,8 проценти.

Дека во Македонија се потребни предвремени парламентарни избори како излез од политичката криза сметат високи 39,1отсто од граѓаните, а 32,5 проценти сметаат дека актуелната власт треба да го доврши мандатот.

Дека довербата на граѓаните во Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, како единствени за спас и излез на Македонија од постојаните кризи и неспособноста на власта да се справат со нив, е и последната најнова анкета на Агенцијата ИПСОС објавена на 15 мај. Според резултатите од теренската анкета која се однесување на повеќе актуелни прашања, која агенцијата ја спроведе на 1.000 испитаници за периодот од 06 до 26 април 2022 година, ВМРО-ДПМНЕ води со 9 отсто повеќе од СДСМ.

На прашањето доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори и доколку на тие избори се кандидираат само партии, а не коалиции, за која партија би гласале? За ВМРО-ДПМНЕ 22%, за СДСМ 12.9%, за ДУИ 6.2%, за Левица 5.4%, за Алијанса за Албанците 2.8%, за БЕСА 2%, за Алтернатива 1.3%, за други партии 3.9%, неодлучни 17.1%, одбивам да одговорам 15.8%, нема да гласам 10.6% од испитаниците.

Дека актуелната власта, а посебно премиерот нема доверба и поддршка од граѓаните може да се заклучи од одговорите на прашањето; Како го оценувате досегашното работење на Димитар Ковачевски?, каде што 38% од испитаниците го оцениле како резултат и 24% многу лош резултат. Дека во досегашното работење Ковачевски остварил добар резултата сметаат само 24% од испитаниците, а 11% одличен резултат.

За едни претставници на власта ова се поразителни резултати од анкети и оправдан е нивниот страв од организирање на предвремени парламентарни избори, на кој неминовно ќе доживеат длабок пораз кој ќе доведе до губење на власта.

Методите кои што власта ги користи за да го нападне со цел да го ослаби или намали рејтингот на лидерот на опозицијата се најразлични.

Вчера, на пример, сведоци бевме како партизираното судство и обвинителство донесе осудителна пресуда за случајот, по нив наречен, Талир 2 за кој се бара и консфинкација на имоти на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Но, ова е пресуда за предмет кој се водеше на целосно незаконски начин и кое обвинение е покренато по истекот на сите законски пропишани рокови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.