Градовите и селата ни се празнат, а се дебатира дали градоначалникот во Кичево ќе има право да го виори албанското знаме во градот, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат. Како што оценува тој, таквите дискусии се залудни бидејќи поради масовните иселувања знамето ќе нема за кого да се вее.

„Гледам повторно во јавноста тема, дали е сега градоначалникот на Кичево голем јунак оти го изгубил или сѐ уште ќе го задржи, да го има албанското знаме во Кичево. За кого ќе се вее тоа албанско знаме ако се празни градот. Еве, нека се вее, никој не прави проблем. За кого ќе се вее кога се празни училниците. Празни се селата. Појдете по Зајас, појдете по Осломеј. Појдете и по Вранешница и по Другово. Секаде е празно“, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.