Немам информација што има во тој нон пејпар, немаме ние всушност никаква информација, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали како опозиција знаат што точно содржи новиот нон пејпар за преговори со Бугарија.
Мицкоски смета дека ова што го прави Ковачевски и Османи е директно загрозување на преговарачките позиции, додавајќи дека недолично и срамно е тоа што Османи прифаќа на договор кој веќе еднаш е одбиен.
Имаме само определени шпекулации кои што или ги дознаваме од медиумите или канали кои што се неофицијални, но тоа се нерелевантни информации кои што доаѓаат до нас. Навистина се срамам ова што го прават Ковачевски и Османи на граѓаните во Македонија. А она што го направи Османи прифаќајќи договор кој што веќе е добиен неколку месеци претходно, веќе не е ни домат дипломатија, ова просто се граничи со нешто што е уште пониско од таа домат дипломатија. Се срамам што граѓаните плаќаат практично пари на ваков тип на политичари да земаат плати и да уживаат привилегии на грбот на народот кој што едвај крај со крај во овие кризни времиња врзува. Навистина е недолично за еден министер за надворешни работи три месеци откако веќе тој предлог како што кажуваат од бугарската страна, така тие кажуваат, не знам ни тоа дали е вистина, да прифаќа нешто, што тие пред три месеци веќе го одбиле. Тоа е исто како да зборуваме за ланскиот снег – рече тој.
Мицкоски додаде дека однесување на власта во однос со преговорите со Бугарија покажува комплетна деструкција и уништување на процесот и на тој начин директно ги загрозуваат шансите, македонскиот народ и на сите граѓаните во државата.
Јас не знам каква е оваа стратегија и кој ги подучува на сето ова, но ако мислат дека на тој начин ќе се покажат како политичари кои што еве се конструктивни, тогаш ова е комплетно спротивно на тоа и они ни покажуваат комплетна деструкција и уништување на процесот и на тој начин директно ги загрозуваат шансите, македонскиот народ, граѓаните во Македонија без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби и останати да добијат можност да ги отпочнат преговорите со Европската унија. Ова е одлична можност да го загрозат тој почеток тоа што го прави Ковачевски и Османи – заклучи Мицкоски.
Мицкоски за посетата на Петков нагласи дека доколку Петков сака да покаже пријателство, тогаш истиот пример од Битола да го земе за во Благоевград и Сандански и да им овозможи и на тие Македонци во Бугарија еден културен македонски центар, посочувајќи дека пријателството се покажува со дела, а не со зборови.
Веднаш после тоа отворање Петков кога ќе замине во Софија треба да земе пример од тука од Битола и да направи сличен таков потег во Благоевград и Сандански, и на тие илјадници македонци кои што живеат таму да им овозможи еден ваков културен македонски центар кој што е во согласност со сите пресуди од Стразбур. А овие малкумина македонски Бугари кои што на пописот кој што беше таков некомплетен и манипулативен се изјаснија дека отприлика околу 800тини од нив го говорат бугарскиот јазик како мајчин треба да го советуваат Петков истото тоа да го направи и во Бугарија за Македонците кои што живеат таму и на тој начин навистина ќе го покажат и на дело тоа братство а кое што тој цело време зборува и полна му е устата за братство и пријателство. Пријателството не се зборува, туку се покажува со дело- потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.