Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика Димитар Ковачевски и СДСМ да се охрабрат и да седнат на маса за да договорат датум за предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да одлучат.

Има единствен начин тоа да се покаже и докаже, дали се измислени или не се, е да одиме на избори. Нека се охрабрат и нека го охрабрат Ковачевски да седнеме на маса и да договориме датум за предвремени парламентарни избори. Тоа е единствениот начин да видиме дали анкетите се лажни или не се лажни. Нема друг начин – истакна претседателот Мицкоски.

Единствен начин за да докажеме и покажеме дали е тоа така е да одиме на избори.

Тогаш народот ќе си каже дали тие се добрите и нас не чека пораз, или пак работата е сосема поинаква. Само да не биде како после локалните избори да прават математики и гимнастики – додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.