Денешницата е дека имаме клуб кој што провоцира и носи име на човек кој што во македонската историја нема добра улога, тоа е Царот Борис Трети кој што бил соработник на нацистите во Втората Светска војна, и кој што од Македонија испратил повеќе од 7200 Евреи во концентрационен логор Треблинка, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
На прашањето дали очекува дека ќе биде затворен клубот, Мицкоски рече дека влада која што ја сака државата и сопствениот народ треба веднаш да го забрани клубот кој носи име кој има срамна улога во историјата за македонскиот народ.
Влада која што си ја сака својата држава и си го почитува својот народ треба тоа да го направи и да го забрани, исто како што се сеќавам веднаш после отворањето на оној клуб во Благоевград кој што го носи името на Никола Јанков Вапцаров, човек кој што обединува, кој што може да биде одличен мост помеѓу двата народа македонскиот и бугарскиот, а беше затворен. Овој човек не само што не обединува, туку има навистина срамна улога во историјата за македонскиот народ, потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.