Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев, Дафина Стојаноска и Ели Панова во просториите на Собранието на Република Македонија се сретнаа со Азај Гулијев, потпретседател на парламентарното Собрание на ОБСЕ и специјален претставник за Југоисточна Европа.

На средбата разговаравме за актуелната политичка состојба во Македонија како и за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, кои се повеќе од неопходни за излез од оваа криза.
Истовремено, побарав и поддршка во преговорите со Бугарија, каде што државата е заглавена, поради лошите преговарачи од македонската владејачка гарнитура, објави Мицкоскии на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.